ТЕРА

REKLAMA???

ГУРУ ХАРЕ И ИГОР ЏАМБАЗОВ СО НОВА ОБРАБОТКА НА „ЗАВЕТНА“

Антологиската патриотска песна „Заветна“, која своевремено оригинално ја изведе и маестрално ја испеа покојниот Пепи Бафтировски, доби блуз верзија. Песната е последната снимка на дуетот Игор Атанасоски – Харе и Игор Џамбазов.

За песната Џамбазов истакна: „Ова  наше видување на легендарната ‘Заветна’, испеана од Пепи Бафтировски, звучи како кога по некоја случајност  Пепи Бафтировски и Гери Мур, би седеле на иста маса и би ја напишале оваа песна“.

„Веќе неколку месеци ја изведуваме на коцнертите и публиката секогаш пее со нас. Снимавме во студиото „Тралала“ на Мите Димовски, јас го направив новиот блуз аранжман, а придружниот вокал е на Тамара Тодевска“, вели Игор Атанасоски – Харе.

Досега своја верзија на „Заветна“ снимија и Владо Јаневски, Андријана Јаневска и Игор Дурловсли, Бојана Скендеровски, актерот Владо Јовановски, како Мич Бузалевски во серијата „Преспав“ и многу други.

„Заветна“ која со текот на времето стана своевидна, неофицијална втора македонска химна е дело авторскиот тандем, браќата Миле и Ѓорѓи Барбаровски.