ТЕРА

REKLAMA???

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ РОКЕР ДЕЈВИД КРОЗБИ

Познатиот американски рокер Дејвид Крозби почина на 81-годишна возраст, потврди негов претставник. Овој пејач и текстописец беше еден од основачите на два од најголемите бендови од 1960-тите – Бирдс и Крозби, Стилс и Неш.

Тој постигна редок подвиг во кариерата – двапати беше примен во Куќата на славните на рокенролот.

Неговата сопруга изјави за шоубиз веб-страницата Варајати дека тој починал „по долго боледување“, опкружен со членови на семејството.