ТЕРА

REKLAMA???

20 ГОДИНИ ДНК

„Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Пази се од мене“, „Што сака нека биде“, се само дел од песните кои ДНК односно Панчо и Андреј ги снимија во текот на изминатите 20 години. Со динамични песни, а тие ведри и енергични, веќе 20 години имаат армија од фанови во нашата држава, па и пошироко. По повод јубилејот тие одржаа голем концерт во спортската сала Борис Трајковски во Скопје.

Импресивниот јубилеј ДНК го одбележа и со нов студиски албум симболично насловен „Дваесет“. На албумот има 12 композиции кои се хронолошки распоредени, а тимот зад сите тие е истиот – Владимир Блажев – Панчо, Андреј Ѓеорѓиески и продуцентот Лазар Цветкоски.

Панчо и Андреј се потсетија на почетоците на ДНК па напишаа:

„ Тогаш бевме млади, полни со енергија и ентузијазам, но никогаш не верувавме дека може да издржиме во „брак” цели 20 години. Тогаш ниту приближно не бевме свесни колку е тешка оваа професија, иако нам ни изгледаше дека е едноставно како песна. До ден денес се докажуваме, но сега веќе пред самите себе и единствено пред публиката која од секогаш сме ја сметале за главен, реален и безгрешен критичар“.

На концертот гости беа Тамара Тодевска, Магдалена Цветкоска – Ена, Јанг Дади , Мина Блажев, Мартин Буцо Битбокс Атанасовски, Таско и многу други. Атмосферата дополнително ја загреа и оркестарот „Агушеви“ со големиот хит на ДНК, „Ако утре ме нема“, а Панчо порача: „Ова е химна на животот. Не заборавајте дека во животот се најважни „Те сакам, благодарам и извини“.

Дел од средствата од продажбата на влезниците за концертот ќе бидат донирани во Фондацијата Марко Божиновски – фондација која се залага за поддршка на млади спортисти, но и општо на млади луѓе од социјално загрозени категории.