ТЕРА

REKLAMA???

42 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Со повеќе активности, промоција на уметнички дела и со музичко-сценскиот настан насловен „Ангел си ти” денеска во Спомен куќата „Тодор Проески”  на Гумење во Крушево се одбележуваат 42 години од раѓањето на големата македонска и балканска музичка ѕвезда, на хуманитарецот и човекот со ангелско срце, Тоше Проески.

Од 9:00 до 16:00 хуманитарна крводарителска акција во организација на ОО на Црвен крст на Крушево.

Во 10: 30 часот полагање свежо цвеќе во вечното почивалиште на Тоше.

11:00 до 11.30 изложба на уметнички слики од ликовната школа Тоциновски – Скопје и ликовниот уметник Марија Бојкоска.

Од 11:30 до 12: 00 – промоција на уметничките дела од 26-та керамичка колонија во Велес и 42- те маички за 42- от роденден на Тоше штампани со победничкиот мотив.

Од 12:00 до 13: 00 музички сценски настап со наслов “Ангел си ти” на музички рефрени на Тоше во изведба на Андријана Јаневска и Бојан Стојков со музичка придружба на Џез Сценарио од Битола на аранжман на професорот по пијано и диригирање Вангел Мажески .