ТЕРА

REKLAMA???

ПО 210 ЧАСА ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ СПАСЕНА ЖЕНА ВО ГРАДОТ АДИЈАМАН

Седумдесет и седумгодишната жена е извлечена од под урнатините по 212 часа од разорниот земјотрес, пренесува ТРТ.

Таа беше спасена во градот Адијаман и пренесена на болничко лекување.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе продолжи со напорите за спасување и опоравување повеќе од една недела по силниот земјотрес што ја потресе неговата земја и соседна Сирија.

Заедничкиот број на загинати во Турција и Сирија се искачи над 41.000, а многу преживеани кои останаа без покрив над главата поради уништувањето во градовите во двете земји се изложени на ниските зимски температури.

Повеќе од 105.000 луѓе се повредени во земјотресот, рече тој, а над 13.000 се уште се лекуваат во болниците.