ТЕРА

REKLAMA???

КРИТИЧНА СИТУАЦИЈАТА ОКОЛУ БАХМУТ, ПРЕДУПРЕДИ ЗЕЛЕНСКИ

Во своето обраќање до јавноста украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека ситуацијата околу Бахмут, на истокот на земјата, се влошува.

Руските сили од минатото лето се обидуваат да го заземат Бахмут, чија стратешка важност е спорна, но која стана симбол на борбата за контрола на Донбас, во источна Украина.

Водачот на проруските сепаратисти во регионот Доњецк (источна Украина), Денис Пушилин, вчера на руската телевизија изјави дека сите пристапни патишта до Бахмут се „во досегот на оружјето“ на проруските сили.

Руските сили со недели се обидуваа да го опколат Бахмут и успеаја да отсечат неколку главни патишта за снабдување на украинската армија.