Утрово 4 степени во Берово, Лазарополе, Попова Шапка, 5 Маврови Анови, 6 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Тетово, 7 Битола, 8 Прилеп, Демир Капија, Крушево, Куманово, 9 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, Дебар, 10 Охрид, Претор, 11 Виница, 12 Гевгелија, 13 Дојран
Во текот на ноќта облачност се намали и преовладуваше претежно ведро време со слаб променлив ветер. Утринава е сончево со мала облачност во крајните западни делови и понекаде дува слаб променлив ветер.
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.












