ТЕРА

REKLAMA???

МОЖНОСТ ЗА ПЛАЌАЊЕ НА РАТИ НА ЗАОСТАНТ ДОЛГ ЗА ВОДА

Корисниците на водни услуги на ЈКП „Водовод“- Битола кои имаат заостанат долг за вода и тоа; /по основ на тужени, редовни сметки и фактури за сите физички и правни лица / во периодот од 08.05. 2023 година до 26.05.2023 година, им се дава можност да го платaт заостанатиот долг, информираат од ЈП „Водовод“ Битола.

Во соопштението се вели дека доколку должниците не се јават во наведениот временски период ќе бидат приморани од јавното претпријатие постоечките тужби да ги достават до надлежните извршители, а исто така за заостанатите неплатени сметки и фактури ќе се изготвуваат нови тужби, согласно позитивните законски прописи.