ТЕРА

REKLAMA???

ОКОЛУ 100 ЖЕЛЧИЊА СТАНАА ДЕЛ ОД СЕМЕЈСТВОТО ВО ЗОЛОШКАТА ВО БИТОЛА

Зоолошката градина во Битола има нови станари. Станува збора за над 95 мали речни желчиња, кои многумина од нас ги имаат и чуваат дома во аквариум како миленичиња. Директорката на Зоолошката градина Елена Мирчевска ни објасни за какви желчиња станува збор, со што и како ги хранат и во какви услови можат да живеат. Таа вели дека тие се доста атрактивни за посетителите посебно за најмалите, поради нивната големина и колоритниот и живописен оклоп.

„Над 95 мали желчиња од расата Ривер Колтер кои што беа во една акција запленети и моментално се на привремен престој кај нас. Во тек е процедурата и онаа бирократска папирологија која што деновиве треба да биде готова и да ни гио отстапат на трајно користење. Станува збор за речни желчиња, аквариумски коишто бараат температура од над 20 степени во вода во која што нема хлор, нема метали, отстоена вода. Растат до големина помалку од 20 сантиметри, тоа е пречник на оклопот на желчињата и се доста атрактивни и како домашни миленичиња луѓето ги чуваат доста. Тие се хранат со готова храна, со сува лисната храна мешавина од ракчиња, таа морска храна, помали рипчиња, мушички инсекти и стварно побудуваат интерес кај нашите посетители особено кај помладата популација. Ние тука моментално се наоѓаме во барот во ЗОО каде што можите да ги видите и се интересни поради тоа што се доста колоритни, живописни во оклопот нивни“, рече Елена Мирчевска, директор на ЗОО Битола.  

 Но не се новина само желчињата.

Директорката вели дека и во следниот период планираат да вложуваат во ЗОО градина во Битола, со цел да привлечат што поголем број на посетители. Во последните два месеци Зоолошката градина во Битола ја посетили над 4 илјади посетители.