На 10 мај 1989 година македонски алпинист, битолскиот планинар Димитар Илиевски-Мурато, стана првиот Македонец што го освои највисокиот врв во светот Монт Еверест. Се искачи на денешен ден пред точно 34 години, по што не успеа да се врати во базниот логор и засекогаш остана таму.
Искачувањето до врвот траело околу 15 часа во услови на длабок снег. На врвот Диме и Стипе се задржале околу еден час. На симнување од врвот Диме останал најверојатно на височина од 8200 метри.
Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите .
Есента 2005 година во организација на комитетот на експедицијата и Македонската алпинистичка асоцијација, под базниот камп на Еверест е изграден споменик во чест на Димитар Илиевски.
Димитар Илиевски е еден од најголемите алпинисти во историјата на македонскиот алпинизам и спортот воопшто. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови.
Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно ја има добиено наградата Медал за заслуги за Македонија, а е одликован и со други признанија.
Македонските планинари, организирани од планинарскиот спортски клуб-ПСК „Пелистер“ и годинава масовно ќе учествуваат на планинарски марш кој ќе се одржи в сабота на 13 мај на Пелистер.Маршот се одржува по 34 пат .












