ТЕРА

REKLAMA???

31 ГОДИНА НА ЛОКАЛНИОТ КЛУБ НА БИТОЛСКАТА СДММ

Младите социјалдемократи од Битола си го прославија 31 роденден на локалниот клуб. Присутните ги поздрави Андреј Гулабовски, претседател на ЛК на СДММ Битола. На прославата со нив беше и нивниот сопартиец Марко Михаиловски, претседател на социјалдемократската младина на Македонија, како и Марко Ѓоргиевски, директор на националната агенција за европски програми и мобилност.

На трибината и прославата дојде и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. „Можностите не доаѓаат сами, ние ги создаваме“ е нивното мото.

На синоќешната прослава им беа поделени благодарници на оние кои дале значаен придонес во работата и дејствувањето во партијата и општеството.