Времето денеска роменливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и северните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Дневните температури од 13 до 21 степен, во Битола до 19.
В сабота времето ќе биде посончево. Од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а од понеделник на повеќе места се очекува да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.












