ТЕРА

REKLAMA???

СВЕТСКИ ПОЗНАТИОТ КВАРТЕТ„ БОНД“ ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА

Најпопуларниот и најпродаван женски гудачки квартет на сите времиња Бонд кој има милионска армија на обожаватели низ целиот свет, ќе настапи во Македонија и тоа со два концерти едниот во Скопје, а другиот во Струмица.

Концертот во Скопје ќе се одржи во Македонската филхармонија на 19 -ти мај, во организација на Авалон продукција.

Нарекуван уште и „Спајс грлс на класичната музика“, овој квартет има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет и 56 платински и 15 златни тиражи на своите изданија.После огромен број на распродадени концерти низ Европа, Америка, Австралија, Централна Америка и Азија, уникатните „Бонд“ , а сега конечно и во Македонија.

Квартетот „Бонд“ важи за супербренд со милионска армија на обожаватели низ целиот свет. Нивното музицирање, критичарите го сметаат за пркосење со стиловите, а се сметаат и за најпродаван гудачки квартет на сите времиња. Велат дека црпат инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, електро, индиските и стиловите од средниот исток.

Вториот концерт ќе се одржи во Струмица на  20-мај.