ТЕРА

REKLAMA???

БИТОЛСКОТО МУФТИСТВО ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА И ОБРАЗОВАНИЕ

На иницијатива на битолското Муфтиство, а во присуство на голем број на верници викендов со свеченост беше отворен Центарот за култура и образование во Битола. Целта на овај центар е едукација на младите во духот на исламското учење. На свеченоста дојде и поглаварот на ИВЗ кој заедно со битолскиот Муфтија го пуштија во употреба овај Центар.

„ Ние како цел секогаш сме имале да ги едуцираме младите генерации, а тоа е практично и обврската и функцијата на институцијата Исламска верска заедница, нашата вера која што првиот збор објавен во Куранот е „читај во името на Алах“, препораките на нашиот пророк да се едуцираме и образоваме затоа што едуцирани и образовани правилно ќе можиме да го обожаваме и нашиот створител. Овај центар за култура ќе има една цел во сите насоки и во сите сегменти на сите можни начини да се едуцираат, посебно помладата генерација но и другите кои ќе искажат желба да се активираат во овај центар за култура и образование“, рече муфтијата Амит Расими.

„ Свечено го отворивме Центарот за култура и верско образование, центар кој што ќе биде навистина многу значен за сите муслимани и градот Битола. Овај објект е повеќедимензионален како по функција така и по содржина, затоа што тука ќе се воздигнуваат младите, затоа што децата ќе се воспитуваат во духот на исламското учење и ќе се формираат како луѓе да бидат во служба на самиот себеси, фамилијата, општеството, а посебно во објаснувањето на исламските вредности“, рече поглаварот на ИВЗ Реис Улема хафиз Шаќир еф. Фетаху.

 Центарот е изграден со сопствени средства на муфтиството, но и голем број донации, како од наши сограѓани така и од странство.