По денешното барање на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски за итно свикување вонредна седница на Советот на Општина Битола и по реакцијата на претседателката на Советот, Габриела Илиевска, со реакција се огласи опозициската СДСМ.
„Егото и суетите на градоначалникот Тони Коњановски и претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска ја блокираа Битола!
Граѓаните им ја дадоа довербата на последните локални избори за да го водат градот, а не за да го кочат!
ДПМНЕ и Поинаку да ги заменат тастатурите со мотики!
На Фејсбук се најсилни, ама животот не е на социјалните медиуми!
ДПМНЕ и Коњановски да престанат да “плачат” пред Владата за работи кои се во надлежност на општината! 33 милиони евра имаат на располагање! Наместо да крадат и да полнат џебови на сопартијци, пријатели, деверици, кумашини, нека сработат нешто и за градот!
Поинаку и Илиевска да престанат да се однесуваат како “ни риба, ни девојка”! Власта носи привилегии, но носи и одговорност. Нека ги тргнат личните интереси настрана и да се откочи работата на Советот на Општина Битола бидејќи граѓаните се поважни од рејтингот“ велат од СДСМ.













