ТЕРА

REKLAMA???

ОДЛИЧЕН УСПЕХ НА БАЛКАНСКИОТ ТУРНИР ЗА КАРАТЕ КЛУБОТ„ ЗАНШИН ДО“

На балканскиот турнир  „ОХРИД ОПЕН 2023„  кој се одржа во Охрид на 14.05.2023 година Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА настапи со 35 натпреварувачи во 43 категории и се закити со : 3 златни медали ,6 сребрени медали , 17 бронзени медали  и пехар за најмасовен пехар, информираат од клубот.

На овај натпревар  учествуваа  570  натпреварувачи од 6 држави од Балканот . Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА беше најмасовен клуб и го освои пехарот  за најмасовен настап како и 3 пехари за прво освоени злата во ката тим.

На овај исклучителен турнир со златен медал се закитија: Николај Петковски, Јована Јовановиќ и Стела Ризова во ката тим  2016 и помлади Ж, Стефан Тодоровски, Виктор Ристевски и Каја Темелковска2012/2013 ката тим М и Александар Божиновски, Давид Стојчевски и Михаил Марковски ката тим 2009/2010М  .

Со сребрен медал се закитија: Николај Петковски во апсолутна категорија 2016 год. Николај Петковск, Божидар Свидерски и Стела Ризова во ката тим  2016 и помлади М, Маргарита Велјановска, Јасна Дунгов и Надалина Талевска ката тим  кадети Ж, Стефан Тодоровски 2011 ката , Александар Божиновски Кадети, Стефанија Петковска сениори ката.

Со бронзен медал се закитија: Теофан Ивановски ката 2015 год. М, Лука Гиланов ката 2015 М  ,Николај Петковски во ката  апсолутна категорија 2016 ., Николај Петковски во ката 2015 год.,Надалина Талевска  2010год второ и трето ниво, Емилија Илковска,  Елена Јончевска и Леона Алиловска ката тим кадети Ж , Давид Стојчевски, Леона Алиловска и Надалина Талевска ката тим кадети Ж, Јована Јовановиќ 2016 ката Ж, Стела Ризова ката 2015 Ж, Свидерски Божидар ката 2015 М, Каја Темелковска  второ и трето ниво 2012 год. Ж,  Леона Алиловска кадети ката и Тони Кулевски кумите кадети +70кг.

„Горда сум како тренер ова е голем успех не само за  К. К. „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА  туку и за Битола бидеќи градот на конзулите беше присутен во секоја категорија на пиедестал. Некогаш каратето во Битола умираше а сега Битола е рамноправен противник на европските клубови. На 21 мај  клубот ќе настапи на Балканскиот турнир  СОЛИДАРНОСТ ОПЕН   на кој  очекуваме уште подобар резултат“ вели Стевка Јанковска Петковска, тренер на клубот.

Фото: Карате Клуб „ЗАНШИН ДО “-БИТОЛА