Утрово 3 степени во Лазарополе, 4 Попова Шапка, 6 Маврови Анови, Крушево, Претор, 7 Берово, 8 Охрид, Крива Паланка, 10 Битола, Виница, 11 Скопје-Петровец, Струмица, Тетово, Прилеп, 12 Демир Капија, Штип, Куманово, 13 Скопје-Зајчев Рид, 14 Гевгелија, Дојран.
4 л/м2 дожд наврнаа во Виница, 3 Битола, Лазарополе, 2 Претор, 1 Струмица.
Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со локален слаб дожд. Утрово од исток се намалува облачноста и дува слаб до умерен северен ветер.
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност која ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 25 степена. Во Битола до 21 степен.












