ТЕРА

REKLAMA???

КК ПЕЛИСТЕР ВТОРА СЕЗОНА ЌЕ ИГРА ВО ФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈ-ОФОТ

Полуфинале: ТФТ Mozzart – КК Пелистер 82-84 (0-2)

„Пелистерци“ го победија ТФТ и во Скопје со 82-84 и се изборија за настап во последната серија која го дава новиот шампион.

Исто како и во ланскиот плеј-оф за титула, така и во овој, екипата на Пелистер ќе игра во големото финале на македонската кошарка. И уште еднаш, втор пат во серија, ќе го предизвика актуелиот освојувач на шампионската титула, МЗТ Скопје Аеродром, во обид да го донесат победничкиот пехар во Битола.

Особено ефикасно се играше од самиот почеток на натпреварот. Резултатска „клацкалка“ го реши победникот. Човек на одлука на Пелистер сепак испадна Кени Карпентер. Не само поради одличната игра во минутите на одлука, туку поради четирите поени во серија со кои му донесе на својот тим водство (78-82). кое се покажа и како победничко.

Иако до крајот имаше 98 секунди, грешеа најискусните во домашниот состав. Симоновски беше половичен од линијата за слободни фрлања, Костоски прерано, од голема далечина, се обиде да постави егал, момент кој веднаш го казни Хаџифејзовиќ, кој постави недостижни +5 на девет секунди пред истекот на овој втор полуфинален натпревар.

Најдобар кај Пелистер на овој натпревар беше Андреј Маслинко со 23 поени и 11 скока, пред Карпентер со 20, додека Карутерс постигна 17 поени.