ТЕРА

REKLAMA???

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД, ГРМЕЖИ И УСЛОВИ ЗА ГРАД

Променливо облачно, од пладневните часови нестабилно со појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 18 до 24 степени. Во Битола до 20 степени.

Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер и со услови за изолирана појава на град.