Грчката владејачка партија Нова демократија убедливо води на парламентарните избори кои се одржаа на 21 мај, но не го достигна цензусот потребен за самостојно да формираат влада, јавува Ројтерс.
Според преброени нешто повеќе од 82 отсто го гласовите, конзервативната Нова демократија освоила 40,8 отсто од гласовите, победувајќи ја радикалната левичарска партија Сириза, која владееше од 2015 до 2019 година, со 20,1 отсто од гласовите, пишува Радио Слободна Европа.
Грчкото Министерство за внатрешни работи предвидува дека Нова демократија би можела да освои 145 места во парламентот, шест помалку од апсолутното мнозинство.
Денеска грчката претседателка Катерина Сакеларопулу ќе им даде на трите најголеми партии – Нова демократија, Сириза и социјалистичката ПАСОК – по три дена за да формираат коалициска влада.
Ако сите не успеат, Сакеларопулу ќе назначи преодна влада која ќе подготви нови избори околу еден месец подоцна.
Премиерот и лидер на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис рече дека верува оти добдил даден јасен мандат.
„Резултатите од гласањето се одлучувачки. Тие покажуваат дека Нова демократија има одобрение од народот да владее, силна и автономна“, им рече тој на поддржувачите пред седиштето на партијата во центарот на Атина.












