„Битола на точак“ споведува интернет анкета насловена Дали Битола може на точак или не?
Велат дека во 2015 и 2018 година спроведле анкетни истражувања со 500+ испитаници кои преку споделување на своите ставови и согледувања за безбедноста и условите на велосипедскиот сообраќај во Битола им ја доловија ситуацијата во која се наоѓаме.
Сега велат одиме повторно со цел да видиме дали има одредени промени и дали има некакво поместување во позитивна или негативна насока.
На презентацијата која минаната недела беше организирана во Советот на Општина Битола, Илиев од „Битола на точак“ кажа зошто тие и за кои работи се среќни.
Вели ако зборуваме за тоа дали ова за градот е доволно, не е доволно, но вели да се задоволи минимумот, спојувањето на Партизанска со Булаверот со велосипедска патека.
И додава дека не е сигурен дека ако сега се пропушти овој тајминг, кога следен пат темата ќе се најде повторно на дневен ред.
Минатата недела ова точка не помина во Советот на Општина Битола, заради воздржаното гласање на Поинаку, СДСМ и Левица, а од ВМРО ДПМНЕ рекоа дека не се откажуваат од проектот.
Советникот Бојкоски коментираше дека иако за време на предизборниот период на сите јавни дебати сите повикуваа дека потребно е Битола да стане велоград, денес на дело се виде дека сето тоа било само за собирање на политички поени.












