Утрово 3 степени во Лазарополе, 5 Маврови Анови, Попова Шапка, 6 Берово, 8 Тетово, Претор, Крушево, 9 Охрид, Дебар, 10 Скопје-Петровец, Крива Паланка, Битола, 11 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Струмица, Куманово, 12 Штип, Демир Капија, 14 Виница, Гевгелија.
Најмногу дожд 13 л/м2 во Прилеп, 7 Маврови Анови, 4 Битола, Куманово, Дебар, 3 Пожаране, Претор, Крушево, 2 Скопје–Зајчев Рид, Тополчани, 1 Охрид, Струмица, Тетово.
Во текот на ноќта облачноста се намалуваше, па утрово времето е претежно ведро со слаб ветер од променлив правец.
Денеска претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 28 степени. Во Битола 22 степени.












