ТЕРА

REKLAMA???

СО ПОРОЕН ДОЖД, ГРМЕЖИ И ЗАСИЛЕН ВЕТЕР

Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и услови за изолирана појава на град.

Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени. Во Битола до 24 степени.

Продолжува периодот на променливо облачно и топло време, во попладневните часови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со поинтензивен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.