ТЕРА

REKLAMA???

ИВАНОВСКА: НЕМА ДА СЕ ЗАТВОРИ НИТУ ЕДНО ОДДЕЛЕНИЕ ВО БОЛНИЦАТА ВО БИТОЛА

Новата в.д. директорка на Клиничката болница во Битола, Елизабета Ивановска во интервју за МИА вели дека нема да биде затворено ниту едно одделение во болницата и дека ќе инсистира да се вработи потребниот медицински персонал особено во оние одделенија каде има недостиг. 

„Во Клиничката болница „Д-р Трифун Пановски“-Битола нема да се затвори ниту едно одделение и ќе се борам за вработување на персонал со кој непречено би работеле сите одделенија, а таму каде што состојбата е најалармантна, очекувам поддршка од целиот персонал во Болницата и секако од министерот за здравство“, вели Ивановска.

Најкритични, како што посочува, се Одделението за педијатрија каде има само три лекари, Одделението за неонатологија кое во моментов работи само со еден лекар, Инфективното одделение кое работи со еден лекар со полно работно време и еден лекар со скратено работно време, а критично е и во Одделението за урологија каде има само еден лекар.

Ивановска, која неодамна беше назначена на оваа функција, посочува дека новата професионална задача за неа е предизвик, посебно што е назначена во време кога, како што вели, здравството не само во Битола, туку и во целата држава, е во многу тешка состојба.

„На прво место за мене се новите вработувања на медицински кадар како медицински сестри, лекари и болничари, но и технички персонал и администрација. Најкритични се одделението за педијатрија каде има само три лекарки, одделението за неонатологија во моментов работи само со еден лекар, инфективното одделение работи со еден лекар кој има полно работно време и еден лекар со скратено работно време и затоа во ова одделение немаме хоспитални болни, критично е и со одделението за урологија каде има само еден лекар и на дежурства доаѓаат лекари од Прилеп, а за здравствена услуга од Скопје доаѓаат и лекари во одделението за неврохирургија. Сакаме да вработиме повеќе лекари и општи лекари, да ги испратиме на специјализација и исто така сакаме да го отвориме одделението за физикална медицина за хоспитални болни бидејќи одделението за физикална медицина во моментов работи само за терапија, а ако имаме лекари ќе може да работи и физикална медицина“ вели д-р Ивановска.