ТЕРА

REKLAMA???

ЕУ ГИ ПОВИКА ДВЕТЕ СТРАНИ НА КОСОВО НА СМИРУВАЊЕ НА СИТУАЦИЈАТА

Безбедносната состојба во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток во моментов е мирна, соопшти косовската полиција.

Полициски службеници се уште остануваат во близина на трите општински згради на северот на Косово.

Инаку, за денеска повторно се најавени протести против албанските градоначалници на општините со српско мнозинство во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.

Вчера, војниците на КФОР се судрија со српските демонстранти кои одбија да го послушаат предупредувањето на КФОР да ја напуштат областа во близина на општина Звечан.

Најмалку 25 војници на КФОР беа повредени, како и десетици демонстранти.

Мировната мисија на НАТО во Косово, КФОР, побара од надлежните во Косово и Србија да преземат одговорност за создадената ситуација во северот на земјата и повика да се спречи натамошната ескалација на состојбата, јави МИА од Приштина.

Во соопштение за медиумите по повод вчерашните протести на локалните Срби во општините со мнозинско српско население, КФОР наведува дека успеал да ги отстрани заканите по животот на граѓаните во тој дел од Косово.

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, го осуди насилството на Косово и ги повика косовските власти и демонстрантите да ја смират ситуацијата и да се однесуваат одговорно, јави дописникот на МИА од Белград.

Српскиот претседател Александар Вучиќ во Белград се сретна со амбасадорите на Квинта(САД, Велика Британија, Франција, Германија, Италија) и шефот на делегацијата на Европската Унија.

На средбата присуствуваат министерот за одбрана Милош Вучевиќ и началникот на Генералштабот на вооружените сили на Србија, Милан Мојсиловиќ, јави РТС.