Вчера во битолската полиција три лица пријавиле дека се каснати од кучиња скитници. Лице на 58 годишна возраст пријавила дека на крстосница од ул„Солунска“ и ул.„Ѓорги Наумов“ во Битола била касната од куче скитник.
Другата пријава е од 31 годишно лице дека во близина на спортската сала во Битола бил каснат од куче скитник.
И третата пријава од лице на 26 годишна возраст кое пријавило дека во Градскиот парк во Битола бил каснат од куче скитник.
Фото: Архива












