Пред почетокот на денешната седница на Совет побаравме став од претседателката Габриела Илиевска за тоа како ја коментира критиката упатена од страна на градоначалникот Тони Коњановски за нејзиното работење, како и за неговата препорака за брзо постапување по забелешките на државниот инспектор и ставање на неколку точки на дневен ред на седницата на Совет.
„Во контекст на изјавата која ја даде градоначалникот можам да кажам дека зборуваме за градоначалник кој ја критикува работата на Советот, а Советот во последните 10 дена одржа две седници, односно ова е втора седница во рок од 10 дена. Зборуваме за градоначалник кој на секој јавен настап чита од ливче и неможам да му замерам за изјавата, бидејќи таквите изјави од таков тип се несвојствени за градоначалник кој денес бара од Советот да му изгласа покачување на платата од 78%“, рече Илиевска.












