Од 26 до 28 мај во Велес се одржа 29-тат по ред „Домијада“ во која учество зедоа сите ученички и студентски домови од Македонија.

Државниот ученички дом „Мирка Гинова“ од Битола на оваа „Домијада“ беше прогласен за апсолутен победник.

По два дена престој, спорт и дружење во средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, кој беше домаќин на 29-та „Домијада“, на свеченото затворање, на учесниците им беа доделени медалите и пехарите на најдобрите екипи за освоените први, втори и трети места.

Најдобра екипа кој севкупно ги освои најголемиот број од наградите е токму екипата на средношколскиот дом од Битола.

Заради освоениот голем број награди,екипата на „Мирка Гинова“ го освои златниот пехар и беше програсена за апсолутен победник.

Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини: пинг-понг, ракомет, фудбал и други спортски игри и активности.
Прво место во ракомет, шах прво место женски, пинг-понг прво место женски, шах второ место машки и пинг-понг второ место машки.
Фото: ДУД „Мирка Гинова“ Битола












