На летната сцена на Тумбе кафе, ученици од гимназијата „Јосип броз Тито“ ја одираа претставата “Далеку а сосем тука”. Претстава која низ митолошкото и политичкото минато ве поведува во нашата неизвесна сегашност за да ви пренесе дека секоја пречка во животот е минлива и менлива.

На сцената испреплетени одекнуваат страдањата на жените од војни и насилство, неправдите нанесени врз праведниците низ историјата, болката и љубовта на мајката за своето чедо, доаѓањето на новата мисла, потребата за промена, смената на поредокот и за крај, сенката на несигурната иднина која демне врз сите.

Ментор на претставата е Софија Бејковска – предметен наставник по Класични јазици, режија и сценарио Бисера Стефановска, асистент на режија и сценарио Ангела Цветковска, асистент на сценарио: Ана Марија Петровска.

Улоги:
Василиј Тасевски – Хад
Ангела Цветковска – Персефона
Михаил Јанески – Зевс
Анастасија Трајковска – Афродита
Теодора Јовчевска – Деметра
Дамјан Каранфиловски – Сократ
Бојана Тодорова – Гај Јулиј Цезар и ученик на Сократ
Илиана Николовска – Атена
Анастасија Бејковска – Клитајмнестра
Ивана Парговска – Касандра
Селма Мемиш – Пенелопа
Ана Марија Петровска – поетесата Сапфо и граѓанин
Петра Димитровска – Судија на Сократ и заробеник во Платоновата пештера
Катја Златевска – заробеник во Платоновата пештера
Теона Петровска – заробеник во Платоновата пештера
Викторија Марцевска – сенка од Подземјето
Емилија Трајковска – сенка од Подземјето и граѓанин
Михаела Нешкоска – сенка од Подземјето
Тамара Белевска – сенка од Подземјето
Марија Димоска – следбеничка на Деметра и граѓанин
Нина Дејаноска – следбеничка на Деметра и поетеса во Подземјето
Ангела Гарабиљевиќ – следбеничка на Деметра и граѓанин
Ана Богдановска – следбеничка на Деметра и ученик на Сократ
Томе Јолевски – граѓанин
Бора Килич – чувар на власта
Лука Тренчевски – чувар на власта
Лука Димовски – чувар на власта
Светло мајстор: Никола Георгиевски
Кореографија: Ана Марија Петровска
Костимографија и сценографија: Јана Богдановска, Јована Неделкова, Ема Костова, Јована Силјанова, Марија Тодоровска.
Аудио монтажа и графички дизајн: Лука Петровски.
Камера: Давид Козарев
Фотографија: Мила Петковска
Водители на настанот: Лука Лозановски, Јана Стојчевска.


Фото: Апла.мк












