Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на вчерашната прес конференција рече дека со Поинаку немале потпишан договор за коалиција во Советот, а дека уште на почетокот на претседателката Габриела Илиевска и било понудено да раководи со ЈП „Комуналец“, но таа одбила.
„Класичен коалиционен договор не е потпишан, разидувањето беше од страна на претседателката , свесни сте сами, кога излезе на телевизија и кажа дека ќе почне да работи од улица. За волја на вистината, на самиот почеток и во уште еден наврат и беше понудено да води јавно претпријатие и тоа она кое што најмногу се критикуваше, јавното претпријатие „Комуналец“. Понудата не беше прифатена.
Но, добро е да се седи на позиција. Лесно е да се ктитикува, треба да се работи. Јас затоа ги повикав, навистина имав и позитивен одговор од советничките групи. Дајте луѓе она што е позитивно да го покажеме. Тоа се покажа и на оваа седница, истата одлука, дали се велосипедските патеки или тротоарите на претходната седница не беше усвоена, на оваа се усвои. Ништо спорно во тоа нема. Тоа е за добробит на граѓаните и сите го имаме во нашите политики програми“ рече Коњановски.












