ТЕРА

REKLAMA???

ДОЖДОТ ВО ПРИЛЕП ПРЕДИЗВИКА ИЗЛЕВАЊЕ НА ВОДА ОД РЕЧНОТО КОРИТО

Обилни врнежи од дожд вчера попладне го зафатија Прилеп. Според Управата за хидрометеоролошки работи во изминатите 24 часа до 8 часот утрово, најмногу дожд 23 л/м2 наврнаа во Прилеп.

Синоќа Центарот за управување со кризи предупреди дека водостојот на реките е зголемен и дека на некои места има изливање на реката од речното корито во Прилеп.

Од страна на раководителот на РЦУК- Прилеп побарано е од ТППЕ Прилеп и ЈП Водовод да има дополнителна дежурна екипа доколку има потреба од дополнителни сили.

ФОТО: ЦУК