Денеска во Клуб на пратеници, на покана на претседателот на Владата на Македонија, Димитар Ковачевски, ќе се одржи средба меѓу премиерот Ковачевски и претседателот на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, соопшти од Владата.
На средбата, како што стои во соопштението од Владата ќе се разговара пред сѐ за одлуките кои треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на Република Македонија, како и за пристапот на државата, институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи со сите наши соседи.
Утрово од ВМРО ДПМНЕ соопштија дека пред почетокот на лидерската средба, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе одржи седница.
Фото: Архива












