ТЕРА

REKLAMA???

КОЊАНОВСКИ: МЕСЕЦИ СМЕ СВЕДОЦИ НА МАНИПУЛАЦИИТЕ НА ИЛИЕВСКА

Денеска градоначалникот на Битола, Тони Коњановски на прес конференција рече дека за разлика од неговата работа и посветеноста на општинската администрација, веќе неколку месеци сме светоци на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните од страна на претседателката на Советот, Габриела Илиевска.

„Почитувани претставници на медиумите, Почитувани граѓани, Сакам да се извинам за доцното закажување на прес конференцијата, затоа што многуте обврски во текот на денот не ми дозволија побрзо да ве повикам, така што сега доаѓам од КЈП Нискоградба, каде имавме прием на ново возило, исто така бев да го погледнам новото вовче „Мечо“ кое од утре ќе биде ставено во функција, а морав да видам како се одвиваат работите и на улицата Зборска, кај Офицерскиот дом, во населбата Недопирливи и патеката за Долно Оризари, каде денес се асфалтираше еден дел.

Одговорите за Претседателката Илиевска морав да ги оставам за на крај на денот, за што ви се извинувам Вас почитувани новинари, но во интерес на вистината морам да ја информирам јавноста: Работењето најмногу го докажуваат резултатите, а во Битола тие се случуваат.

Тоа е реалност во инфраструктурните проекти кои се работат на 16 локации и реализацијата на општинските програми за уредување на градежно земјиште, програмата за економски развој, која се однесува на проектното планирање и подготовка на нови проекти, програмите за социјална заштита, спорт и млади, култура.

За разлика од мојата работа како градоначалник и посветеноста на општинската администрација, веќе неколку месеци сведоци сме на непочитување на законите и манипулации на штета на граѓаните, кои произлегуваат токму од Претседателката на Советот на општина Битола. Потврда за ова е и 26 тата седница за која на претседателката Илиевска и беше укажано дека погрешила и од Министерот за локална самоуправа и од државниот инспектор.

Вториот случај, исто така манипулативен е нејзиното постапување спротивно на законот за јавни претпријатија, преку покажување лажна загриженост за граѓаните. И таа седница, токму заради новата коалиција на претседателката Илиевска, значи нови одолговлекување на процесот на донесување одлуки.

Секогаш во моето работење имам доблест да изразам благодарност за одлуките кои ги носи Советот на општина Битола, но само кога преку позитивни одлуки, Советот одлучува во интерес на граѓаните од кои сите ние сме избрани и платени да работиме во интерес на Битола. Деструктивната политика, непознавањето на работата и законите кои се манифестираат од страна на претседателката Илиевска, не и дава право да зборува и носи заклучоци во име на целиот Совет, каде има исклучителни професионалци со високи познавања во различни области.

Со целата моја посветеност, во досегашниот период, упорно настојувам да им укажам на сите советници дека единствен начин за напредок на Битола е конструктивноста и оставањето на политичките амбиции настрана од интересите на градот. За демонстрирање на политички амбиции и достигнување одредени функции, постои изборна кампања и избори на кои одлучуваат граѓаните, како што на последните локални избраа проекти за нова иднина на Битола.

Како што многупати нагласив, нема да дозволам проектите да бидат заложништво на поединци кои за време на секоја локална самоуправа единствено што знаат е да критикуваат наместо да даваат предлози и да управуваат. Критиките како самоодбрана неможат да ги излажат граѓаните, затоа што единствен доказ за успешноста е работата на терен, каде што нема никаква перална на пари, како што сакаат низ партиски соопштенија да прикажат членовите на СДСМ, ставајќи го во таков контекст Битолското културно лето и неговата културно уметничка вредност.

На крај и во овие тешки политички услови во Битола, проектите се реализираат како резултат на мојата посветеност и заедничка работа со општинската администрација и мојот високопрофесионален тим, кој секако неопходно е да биде поддржан од Совет кој сака да работи за Битола“ рече Коњановски.