ТЕРА

REKLAMA???

ПРОМОЦИЈА НА ДИПЛОМЦИ И МАГИСТРИ НА ТЕХНИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БИТОЛА

На свечена промоција, Техничкиот факултет – Битола промовира 67 нови инженери и додели дипломи за 11 магистри.

Посебно признание Техничкиот факултет – Битола упати до дипломците кои во текот на студиите постигнаа највисок просек: Видановска Мирјана, Петреска Христина, Чалеска Стефани, Трајковски Виктор, Макреовска Ивана и Петковска Сара.

Доделена е и награда од МАКО СИГРЕ за најдобро дипломиран студент на студиската програма ЕЕС. 

Ова високо признание и парична награда од десет илјади денари  се врачени на дипломката Мирјана Видановска.

Деканот, проф. д-р  Митко Костов нагласи дека инженерството не е само професија, тоа е повик и дисциплина која ја користи моќта на науката, математиката, иновативноста, за да ги трансформира идеите во реалност. Влијанието на инженерството достигнува далеку, допирајќи ги животите на поединците и обликувајќи ја иднината на општеството.