Утрово 9 степени во Лазарополе, Попова Шапка, 11 Маврови Анови, 12 Крива Паланка, 13 Крушево,14 Берово, Претор, Дебар, 15 Битола, Охрид, Прилеп, 16 Скопје-Петровец, Тетово, Виница, Велес, Куманово, 17 Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија, Штип, Струмица, 18 Гевгелија.
Најмногу дожд 20 л/м2 наврнаа во Тополчани, 19 Попова Шапка, 14 Тетово, 10 Маврови Анови, Пожаране, 9 Крушево, 8 Берово, Крива Паланка, Ѓуриште, 4 Скопје-Зајчев Рид, 3 Скопје-Петровец, Штип, Претор, 2 Битола, Виница, Прилеп, Куманово, 1 Охрид, Струмица, Дебар.
Во текот на ноќта и утрово преовладува облачно време, наместа со врнежи од дожд, пообилни во северозападните делови. Дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Претежно облачно со врнежи од дожд кои на наместа ќе бидат пообилни (над 25 l/m² за 24 часа) и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, засилен ветер и услови за изолирана појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 26 степени. Во Битола до 23 степени.












