Како дел од караванот „Рамо до рамо до победа“ вчера заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска беше меѓу граѓаните на Битола.

„Подадовме рака за дијалог, СДСМ покажа државнички капацитет. Сега на опозицијата е да избере, дали ќе се остане на ставот и да покажат дека навистина се за интеграција во ЕУ. Се друго е калкулација. Или сте одговорни кон иднината на земјата или не сте, нема средина тука. Откако ДПМНЕ сменија став, не се против уставни измени, прифаќаат учество во заедничка Влада, признаваат легитимитет на Собранието, треба да останат на овој став и дијалогот да продолжи. Мицкоски можеби ја има последната шанса да направи нешто добро за земјата“ рече Лукаревска.















