Хрватскиот пијанист со меѓународен рејтинг, Ловро Погорелиќ, одржа концерт во Будимпешта, на кој присуствуваше нашата екипа.Професор е на Музичката академија во Загреб и гостин професор на Академијата Пероси, Биела, Италија. Од седумнаесетгодишна возраст одржува концерти низ целиот свет. Па така покрај во сите поголеми градови во Хрватска, настапил во Франција Швајцарија Велика Британија Италија Данска, Австрија, Германија, Чешка, Холандија, Белгија, Финска Шведска Норвешка, Бугарија Канада, Јапонија Русија, САД Словенија Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија. И македонската публика добро го препознава, имено минатата година настапи во Штип, а пред тоа и во Скопје.

Погорелиќ истакнува дека македонските музичари се вистински културни амбасадори низ светот и македонската класична музика е надалеку препознатлива.Посебно го истакна пријателството со македонскиот пијанист Симон Трпчески. Има издадено неколку ЦД.-а со изведби на дела од најпознатите композитори на класичната музика: Мусоргски, Шуман, Рахмањинов, Лист, Бетовен, Прокофјев. Тој, исто така,го снимил едно од првите музички ДВД-а во светот (Концертот за пијано бр. 5 на Лудвиг ван Бетовен со данскиот симфониски оркестар) и има направено многу други снимки за хрватските, француските, холандските и данските радио станици. Ловро Погорелиќ е основач и уметнички директор на PagArtFestival кој го води заедно со неговата сопруга.












