ТЕРА

REKLAMA???

СЕ АНАЛИЗИРА КОГА ЌЕ СЕ ВРАТИ ЕВТИНАТА ДНЕВНА ТАРИФА

Новата цена на струја, што ќе важи од 1 јули, ќе се знае следната недела, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, Марко Бислимоски.

Тој вели дека ќе се обидат да бидат креативни за да се избегне ценовен шок.

Комисијата во моментов ги анализира барањата поднесени од енергетските компании за цената на струјата за наредните шест месеци.

На цената ќе влијае и зголемувањето на ДДВ од 10 на 18 отсто.

Во врска со враќањето на евтината дневна тарифа на електричната енергија, тој посочи дека таа со сигурност ќе биде воведена, но сега се анализира кога би можело тоа да се случи.

Тој појасни дека откако лани беа воведени блок тарифите, броилата имаат четири позиции во кои се регистрира скапата тарифа, а сега треба дополнително да се воведе и евтина тарифа така што на операторот на дистрибутивниот систем му треба време за да се сетираат сите броила. Време е потребно и да се промени системот за сметки за да може да се фактурира евтината тарифа.