ТЕРА

REKLAMA???

„ВОДОВОД“ РАБОТИ НА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦА „ДРАГОРСКА“

Јавното претпријатие „Водовод“ информира дека денеска започнаа работните теренски активности на екипите на ЈКП „Водовод“ Битола.

Ќе се изврши реконструкција на водоводна мрежа со должина од 522 метри.

Реконструирани се секундарната и терцијална водоводна мрежа на профил 2, со што се врши замена на ПВЦ ф-90мм со ф-110мм и поцинкувани приклучоци со полителински црева.

Вкупната вредност на овој проект, вклучувајќи ја водоводната мрежа, канализационата и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.

Од „Водовод“ ги замолуваат корисниците на вода на разбирање за повремените прекини во вода.