Младите испорачуваат конкретни решенија за надминување на омразата. Нивниот глас е силен, нивниот став е видлив и продира низ целата држава, порача министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска по повод стартот на 22 издание на Меѓународниот арт фестивал „Битола отворен град“, кој ги слави музиката, уметноста и волонтерството.

Со цртежи, графити и мурали, младите битолчани ги покрија лошите паролите со говор на омраза. Наместо омраза, сега на ѕидовите на две училишта и една градинка гледаме убави бои, креативност и младински ентузијазам.

Инсталацијата „Битолските ѕидови – уметнички крик против говорот на омраза преку графити и цртежи“ е исцртана на училиштата „Таки Даскало“ и „Стив Наумов“ и градинката „Пролет“.















