ТЕРА

REKLAMA???

СЕ ОДРЖА 23.ИЗДАНИЕ НА „СОЛСТИС“ ВО БИТОЛА

Во организација на Француската алијанса од Битола со поддршка на Општина Битола, се одржа 23 – то издание на фестивалот на музиката„Солстис“ кој го одбележува Светскиот ден на музиката и првиот ден на летото.

На неколку локации на Широк сокак настапија десеттина ансамбли, групи и диџеи, од различни музички жанрови, доловувајќи ја медитеранската атмосфера во Битола, како познат град на франкофонијата.

Изведувачите создадоа прекрасна атмосфера, токму во насока на реализација на целта на овој фестивал: да ја промовира музиката, а аматерите и професионалните музичари да се охрабруваат да настапуваат на улиците, додека концертните настапи се бесплатни за јавноста.

Фестивалот е традиционална музичка манифестација и истиот е дел од светската мрежа на овој франкофонски фестивал, познат и како Fete de la music, односно Светски ден на музиката и официјален почеток на летото. На овој ден во над 180 земји во светот каде франкофонијата има свое влијание голем број граѓани и музичари излегуваат на улиците, плоштадите и музицираат, пеат, танцуваат.

Француската алијанса од Битола со поддршка на Општина Битола и Центарот за култура деконатминација 23 та година по ред се дел од светската традиција на празнување на Празникот на музиката. Овој традиционален еднодневен фестивал воедно е најава на почетокот на богатото културно лето „Бит фест “ 2023.