24 случаи на лица каснати од куче за периодот од 1 мај заклучно со 18 јуни оваа година. Така велат податоците од дневните билтени на полицијата, значи станува збор за случаи кои биле пријавени.
Дополнително во два дена се пријавени нови четири случаи.
На 23.06.2023 во СВР Битола, лице пријавило дека на ул.„Широк сокак“ во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник. Истиот ден уште една пријава. Лице пријавило дека на ул.„Филип Втори Македонски“ во Битола неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Два дена претходно лице од Битола пријавило дека во Градскиот парк во Битола бил каснат од куче.
Истиот ден, лице од Битола пријавило дека на ул.„Крушевска Република“ во Битола бил каснат од куче скитник.
Билтенот на полицијата вели дека 19 случаи имало во месец мај.
фото: Архива












