ТЕРА

REKLAMA???

ЈОВИЌ: СО СТРАСТ, БОРБЕНОСТ И КВАЛИТЕТ СКАПО ЌЕ ЈА „ПРОДАДЕМЕ КОЖАТА“

Денес во Виена беа извлечени групите за ЕХФ Лигата на шампионите за сезоната 2023//24, а веднаш потоа Европската ракометна федерација го објави и распоредот на натпревари.

Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ќе игра во група со: Киелце, Кил, ПСЖ, ПИК Сегед, Алборг, Еурофарм Пелистер, Колштад и ППД Загреб. Тренерот Александар Јовиќ ја даде и првата изјава по извлекувањето на групата.

Ждрепката сакаше македонскиот претставник да игра во исклучително тешка група со гиганти во европскиот ракомет, па Јовиќ порача дека ракометарите мора и да уживаат во таквите големи натпревари.

„Ни претстои сезона во која треба да уживаме и гордо и достоинствено да ги претставиме клубот, Битола и Македонија во европската елита. Ние сме во фаза на градење на екипата која ќе игра во Лигата на шампионите и прва мисија ни е да изградиме компетитивен тим. Убеден сум дека со страст, борбеност и квалитет скапо ќе ја продадеме кожата и достоинствено ќе се претставиме“, изјави Јовиќ.

Пелистерци подготовките ќе ги започнат на 19 јули во Битола.