ТЕРА

REKLAMA???

МИХАИЛ ПЕТРОВСКИ Е НОВ ТРЕНЕР НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

РК Еурофарм Пелистер 2 ја ивестува за нов тренер на екипата го назначи Михаил Петровски, долгогодишен ракометар на битолскиот клуб, а во последните неколку години тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа на клубот, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје. 39-годишниот Петровски ќе го наследи Александар Зарков, кој си замина на истек на договорот.

Петровски долги години го носеше дресот на битолскиот клуб, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Архус, Балатонфуреди…

На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.