Деветиот протест „Србија против насилството“, покрај во Белград, викендов се прошири и во уште 15 други градови, со блокада на сообраќајот, јави дописникот на МИА од Белград.
Протестот во Белград, почна од платотото пред Народното собрание, каде повеќе десетици илјади граѓани во долга колона долж централниот булевар „Кнез Милош“ се упатија преку Дедиње кон зградата и иформативните студија на ТВ Пинк, во знак на протест што и покрај барањата за укинување на ралните шоуа, како Задруга, ТВ Пинк најви ново ријалити – „Задруга Елита“.
Зградата на ТВ Пинк беше прекриена со големо српско знаме и имаше силно обезбедување, а сопственикот на ТВ Пинк, Жељко Митровиќ, пред доаѓање на граѓаните, пушташе рок музика.
Освен во Белград, протести се одржаа и во Смедерево, Суботица, Крагуевац, Лесковац, Шабац, Зрењанин, Пирот, Врање, Жагубица, Краљево, Куршумлија, Јагодина, Прокупље и Темерин, а протестот во Ниш беше одложен.
Барањата на протестот се: смена на Советот на РЕМ (Регулаторно тело за електронски медиуми), затворање на печатени медиуми и таблоиди кои објавуваат лажни вести, невистини и континуирано го кршат новинарскиот код, одземање на националните фреквенции од телевизиите кои ги залудуваат граѓаните, трујат и промовираат насилство, оставка на министерот на полицијата Братислав Гашиќ и шефот на безбедоносната агеција Александар Вулин, итно укинување на програмите кои промовираат насилство, неморал и агресија на телевизиите со национална фреквенција, како што се реалните шоуа.












