ТЕРА

REKLAMA???

МАКРОН ПОБАРА ВРАЌАЊЕ НА РЕДОТ НА УЛИЦИТЕ НИЗ ФРАНЦИЈА

По итната седница на француската Влада, претседателот на Петтата република  им нареди на министрите да направат се за да се воспостави ред на улиците.

Ширум Франција веќе шест ноќи по ред траат насилните протести поради убиството на малолетникот Наел М, кој беше застрелан од полицаец.

Францускиот претседател посочи дека „владата мора да продолжи да биде деноноќно со полицијата, жандармите, судиите, службениците и пожарникарите“.

-Ние мора прво да одвоиме време да ги квалификуваме настаните пред да донесеме заклучоци, им соопшти шефот на државата на највисоките француски претставници.

На барање на Макрон, премиерката Елизабет Борн ќе ги прими претседателите на пратеничките групи во Националното собрание, јави БФМТВ.

Ноќта во неделата беше помирна од претходната и полицијата приведе само 78 престапници, речиси 10 пати помалку отколку ноќта меѓу саботата и неделата.

Во Париз се уапсени 20-тина демонстранти, но на местата каде што претходните денови жестоко се судрија демонстрантите и полицијата, синоќа беше релативно мирно, јавува БФМТВ.