ТЕРА

REKLAMA???

МИТРЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ, АНГЕЛОВСКИ НОВ СПОРТСКИ ДИРЕКТОР НА ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР

Заради приватни причини спортскиот директор Димитар Митревски се повлече од својата професионална функција во Еурофарм Пелистер. Под негово раководење клубот се издигна во еден од најдобро организираните спортски клубови во Македонија, посебно по потпишувањето на платформата за ракометна Битола. Со Митревски како прв оперативец клубот освои два Суперкупа на Македонија, една шампионска титула во Суперлигата и редовно игра значајна улога во Европа и СЕХА лигата.

Веднаш потоа Еурофарм Пелистер за нов спортски директор го именува Бранислав Ангеловски. На Поранешниот ракометар на клубот и легенда на македонскиот ракомет почнува ново поглавје, откако оваа функција ја извршуваше и во романска Констанца. 46-годишниот Ангеловски со Пелистер го освои шампионатот и Купот, а дел е од најголемите успеси и со македонската репрезентација. Во својата играчка кариера Ангеловски настапуваше и за Пролет, Вардар и Металург во македонската Суперлига, а во странство настапуваше за Загреб (Хрватска), Винтерур (Швајцарија), Тулуз (Франција), Ал-Аин (ОАЕ) и Констанца (Романија).