ТЕРА

REKLAMA???

СОНЧЕВО И ТОПЛО ВРЕМЕ, ВО БИТОЛА ДО 30 СТЕПЕНИ

Утрово 8 степени во Лазарополе, 10 Маврови Анови, 11 Попова Шапка, 12 Охрид, Берово, Крива Паланка, Крушево, 13 Претор, 14 Битола, Тетово, Дебар, 15 Прилеп, 16 Скопје-Петровец, Куманово, Виница, Струмица, 17 Демир Капија, Скопје-Зајчев Рид, Штип, 18 Велес, Кавадарци, 19 Дојран, 20 Гевгелија.

Најмногу дожд 64 л/м2 наврна во Струмица, 48 Битола, 31 Виница, 25 Гевгелија, 22 Маврово, 19 Пожаране,15 Дебар, 12 Крива Паланка, Штип, Берово, 9 Прилеп, Дојран, 5 Пожар, 3 Тетово, Тополчани, Крушево,Охрид, 2 Ѓуриште, Попова Шапка.

Променливо облачно, во првата половина од ноќта со локален дожд. Утрово е сончево со мала до умерена облачност. На места дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Времето денеска Сончево и топло со мала до умерена облачност. Од пладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени. Во Битола до 30 степени.