Во 53 коло на Лото7 беа извлечени следните броеви: 6, 18, 21, 22, 30, 35 и 36. Извлечено беше и црвеното топче, кое ги дуплираше добивките.
Добивка со седум погодоци немаше, а имаше три шестки, секоја од нив вредна по 263.631,00 денари.
Фондот за седумка за следното коло е 26.264.000 денари.
Извлечен е џокер бројот: 5, 9, 8, 7, 2, 7. Имеше една петка вредна 90.471,00 денари.












