ТЕРА

REKLAMA???

ДОГОВОРОТ ЗА ИЗВОЗ НА УКРАИНСКОТО ЖИТО ПРЕСТАНА ДА ВАЖИ

Договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море денеска престана да важи и нема да биде продолжен бидејќи не е исполнет делот од него што се однесува на Москва, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Денес Црноморските договори престанаа да важат. За жал, делот од договорот поврзан со Русија се уште не е спроведен. Затоа Русија се повлекува од договорот“, објасни Песков.

Тој посочи дека Москва веднаш „ќе се врати на спроведувањето на договорот“ штом ќе бидат исполнети условите на Русија.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази оптимизам во однос на договорот за извоз на украинско жито, посочувајќи дека тој и рускиот претседател Владимир Путин се на иста страна кога станува збор за продолжување на тој договор.

Минатата година договорот овозможи извоз на речиси 33 милиони тони жито од украинските пристаништа на Црното Море.